Италијанскиот фудбалер Рикардо Калафиори се сели во Арсенал откако Болоња и лондонскиот клуб се договориле околу трансферот.
Веројатно најдобриот играч во италијанската селекција на последното Европско првенство, беше и една од ретките светли точки кај „аѕурите“.
Оттаму си обезбеди трансфер вреден 40 милиони евра, со уште 5 милиони евра бонуси и откупна клаузула.
Фабрицио Романо, познатиот фудбалски инсајдер, вели дека сега Базел и Болоња мора да се договорат за распределба на парите во вредност од 50 отсто од откупот.
Калафиори пристигна во Болоња од Базел за 4 милиони евра во август 2023 година, што значи дека неговата цена е десеткратно зголемена за помалку од една година.
🚨🔴⚪️ EXCL: Arsenal and Bologna have reached an agreement for Riccardo Calafiori, after breakthrough revealed earlier!
Understand fee is €40m plus €5m add-ons and sell-on clause.
Final step needed: Basel and Bologna to agree 50% sell-on payment terms, then… here we go! 🏁 pic.twitter.com/ueCZ3XOu5f
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 20, 2024
Калафиори со Арсенал треба да потпише договор до 2029 година, бидејќи личните услови се договорени уште порано.
Во Германија, Рикардо стигна до осминафиналето со Италија, каде што изгубија од Швајцарија.