Европската вселенска агенција лансирала прототип на лабораторија чија задача ќе биде да се потврди теоријата на општ релативитет кој пред сто години ја објави Алберт Ајнштајн.

Вега ракетата полета од Европскиот вселенски центар во Куру, во Француска Гвајана, носејќи во орбитата „технолошки демонстратор“ наречен LISA Pathfinder.
Мисијата на леталото е да детектира гравитациони бранови кои Ајнштајн ги предвидел со својата теорија, а која би требало да се наоѓаат насекаде низ вселената.
Гравитационите бранови се појавуваат кога масивни објекти, како црни дупки или умирачки звезди, се забрзуваат кон вселената. Досегашните обиди да се детектираат биле неуспешни, а научниците веруваат дека тоа е поради гравитационите бранови со многу ниска фреквенција.
-„Со тестирање на предвидувањата кои Ајнштајн ги постави пред 100 години со детекторот LISA Pathfinder, го трасираме патот кон нов прозорец кон вселената“, рече научникот Алваро Химес Канете.
Во текот на наредните две седмици, детекторот ќе патува до својата конечна дестинација, точката Л1 во вселената, оддалечена 1,5 милиони километри од Земјата кон Сонцето.
Мисијата треба да почне во март следната година.