Лапорта ги откри причините за заминувањето на Лео од „Ноу Камп“!

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одржа прес -конференција на која главна тема беше заминувањето на Лионел Меси од Барселона.

Симболот на клубот, го напушта „Ноу Камп“ по повеќе од 20 години, каде што пристигна како 13-годишно момче, а потоа ја помина познатата школа на Барса – „Ла Масија“, по што постигна најголем можен успех со клубот .

Причините за заминувањето на Меси се од финансиска природа. Тој сакаше да ја напушти Барса минатата година, кога поднесе барање за раскинување на договорот една година порано. Сепак, на крајот, тогашниот претседател Жозеп Марија Бертомеу го убеди да остане до истекот на договорот, и да одлучи што понатаму на крајот на сезоната.

Иако се чинеше дека договорот меѓу него и Лапорта, кој во меѓувреме победи на изборите во Барса и стана нов претседател, беше близу, на крајот дојде до вистински пресврт што предизвика фудбалски земјотрес.

Престојот на Меси беше искомплициран со фактот дека Примера воведе финансиски фер -плеј во кој скапиот договор на Меси воопшто не се вклопуваше.

Единствената опција беше Барса да стави под хипотека 50 години ТВ -права врз клубот, што би прифатила да биде „заложник“ половина век. Лапорта не сакаше да направи таков потег и одлучи да се откаже од Меси.

– За жал, најдовме катастрофална ситуација по пристигнувањето во клубот. Сметките за плата претставуваат 110 проценти од приходите на клубот. Немаме маргина на плата. Тоа го знаевме од доаѓањето во клубот. Предвидените загуби и долгови се многу големи. За да го почитуваме финансискиот фер -плеј на Ла Лига, моравме да го прифатиме договорот од Ла Лига што би ги ставил под хипотека за половина век телевизиските права. Клубот е над се. Од играчите, најдобриот играч на светот, претседателот и сите!, изјави Лапорта.

– Регистрацијата на Лео вклучуваше прифаќање на операција што не е интересна за Барса. Ние разбираме дека не мора да работиме со прифаќање хипотека за ТВ -правата на Барса за половина век. Сакам да биде јасно дека Лео сака да остане и дека и неговиот клуб го сакаше тоа. Не сакам да создавам лажни надежи. Има временско ограничување и тој има други понуди. Исто така, му треба време да процени и да одлучи за нови опции – рече Лапорта.

Слични содржини