Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека би сакал аргентинскиот фудбалер Лионел Меси да се врати во каталонскиот клуб, пренесуваат американските медиуми.
Меси минатата година ја напушти Барселона поради тешката финансиска ситуација во која се најде каталонскиот клуб и реши кариерата да ја продолжи во Париз Сен Жермен.
„Верувам, се надевам и посакувам приказната на Меси со Барселона да не биде завршена. Верувам дека тоа е отворена тема. Наша одговорност е да обезбедиме подобар крај отколку што имаше“, изјави првиот човек на Барселона за „ЕПСН“.
Меси има договор со францускиот клуб до јуни следната година, а неодамна одби да ја продолжи соработката со „светците“.
„Се чувствувам должен кон него. Морално, како претседател на Барселона, мислам дека го направив тоа што требаше да го направам, но на личен план мислам дека му должам“, заклучи Лапорта.
Меси (35) во Барселона пристигна на 13 години, а за каталонскиот клуб одигра 778 натпревари и постигна 672 гола. Со тимот на Ноу Камп освои 34 трофеи.