Лапорта има два услови за враќање на Нејмар во Барселона

од Vladimir Zorba
867 прегледи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не ја отфрли можноста напаѓачот Нејмар да се пресели во каталонскиот клуб, тврди новинарот Жоан Фонтес.

Претседателот јасно му ставил до знаење на играчот дека ќе може да се врати во Барселона само ако е слободен играч. Освен тоа, Нејмар во блиска иднина би требало да игра за Сантош.

33-годишниот Бразилец сака да се врати на „Камп Ноу“ на лето. Тој се приклучи на Сантос со цел да ја рестартира својата професионална кариера и има намера да го покаже својот најдобар фудбал во бразилскиот клуб.

На 31 јануари, Сантош го објави враќањето на нивното момче кое го раскина договорот со Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Слични содржини