Лапорта не ја исклучи можноста некоја од ѕвездите на Барса да замине

од Vladimir Zorba
359 прегледи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одби да ја отфрли можноста играчи да го напуштат клубот ова лето поради тековните финансиски тешкотии на клубот. Токму поради таквите тешкотии минатата година Каталонците беа принудени да се разделат со Лионел Меси. Во последната недела медиумите во Европа се почесто шпекулираат дека Френки де Јонг би можел да биде продаден за да го олесни финансискиот фер-плеј на клубот и со тоа да постигне други цели на трансфер пазарот.

Холандскиот играч за врска пристигна на „Камп Ноу“ летото 2019 година и е меѓу најстабилните играчи на тимот, но медиумите во земјата и понатаму тврдат дека тој никогаш не го покажал очекуваното ниво по трансферот од Ајакс за 75 милиони евра. Манчестер Јунајтед се поврзува со сериозен интерес за Де Јонг, каде на чело е неговиот поранешен тренер Ерик тен Хаг, а се верува дека има голема желба да го има во својот тим.

„Ќе дадеме се од себе за клубот. Ако се добијат економските лостови што очекуваме да ги активираме, никој нема да си замине од економски причини. Нека работи спортско-техничката екипа. Има играчи за кои се вели дека добиле понуди, но овој процес го водат Чави и Матеу Алемани и тие на крајот ќе ги донесат одлуките. Само ќе го следам мислењето на професионалците“, изјави Лапорта.

Слични содржини