Договорот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси со Барселона истече, а во тек се преговори дали Аргентинецот ќе остане во Барселона и по 21 година.
Меси е слободен играч од вчера, што значи дека може бесплатно да ја напушти Барселона, клубот каде ја помина целата своја кариера, а од минатото лето кога сакаше да замине, се шпекулираше каде може да заврши.
„Ние сакаме тој да остане, и Лео сака да остане. Би сакал да можам да го најавам неговиот нов договор, но во моментов не можам да го сторам тоа. Правиме се што можеме за да се осигураме дека Лео продолжува да биде наш играч што е можно поскоро“, изјави претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта.
Аргентинецот досега одигра 778 натпревари за Барселона со импресивна статистика од 672 постигнати голови и 305 асистенции.
Досега интерес за него покажаа Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Челси, но и Интер.