Лапорта веќе се видел со агентот на Ханзи Флик

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се сретнал со менаџерот на Ханзи Флик – Пини Захари, открива ТВ Скај Спорт.

Поранешниот тренер на Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија се уште е без тим откако беше ослободен од Бундеслигата.

Лапорта и Захави одржуваат одлични односи, а Ханзи Флик стана една од главните опции за тренерската позиција на чело на каталонскиот гигант.

Тој самиот е позитивно настроен за можноста, но конечната одлука допрва доаѓа, бидејќи раководството на Барселона разгледува различни опции.

Каталонците се трети во привремениот поредок во Ла Лига со 58 бодови, 1 помалку од второпласираната Жирона и 8 зад лидерот Реал Мадрид.

Слични содржини