Ларсон Џаин за уставните измени: Mногу земји-членки на ЕУ мораа да направат компромиси

од Nikola Popovski
205 прегледи

Уставните измени остануваат суверена одлука што треба да ја донесе Северна Македонија, вели шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Џаин, коментирајќи што би значело за земјата доколку не се завршат уставните измени паралелно со билатералниот скрининг, до ноември 2023 година.

Според неа, многу земји-членки на ЕУ мораа да направат компромиси за билатерални прашања со цел да ги решат прашањата кои инаку би ја попречиле соработката во Унијата.

-Самата ЕУ е всушност организација изградена на преговори и тешки компромиси – но придобивките далеку ги надминуваат жртвите што треба да се направат на патот. Заедно навистина сме посилни, а моменталната геополитичка ситуација само го нагласува овој факт, истакнува Џаин во интервју за МИА.

Амбасадорката не сака да ги оценува билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија во моментов.

-Сепак, загрижувачки е да се слушнат пораките од Владата за можно мешање на трети страни преку поединци или групи, а постојат и такви кои даваа предупредувања дека Западен Балкан може да биде фокус на силите кои сакаат да го одвлечат вниманието од руската агресија врз Украина, изјавила Ларсон Џаин.

Слични содржини