Во текот на денот ќе одлучат во теткот на денот дали ќе се предложат ново име за технички министер за труд и социјална политика, откако рано утрово беше разрешена министерката Рашела Мизрахи поради непочитување на Уставот и Преспанскиот Договор.

Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на прес конференција во Собранието рече дека очекуваат Собранието да се распушти, но и дека нема да ја напуштат техничката влада по распуштање на Собранието.
Таа обвини и дека власта ја разрешила Мизрахи поради наводни криминали кои таа ги откривала во Министерството за труд и социјална политика, но и дека била напаѓана само затоа што е Еврејка.
Инаку, Собранието треба да се распушти најдоцна до утре до полноќ, до кога треба да биде избран кадар од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој ќе седне на министерското столче во Министерството за труд и социјална политика како технички кадар за спроведување на изборите.
А.Т.