Латас: Часовникот почна да отчукува по заминувањето на Заев

од Nikola Popovski
230 прегледи

Часовникот почна да отчукува по заминувањето на Заев, затоа што претходно не беше така. Времето беше застанато, како во времето на 48,49 година и Голи оток, вели новинарот Драган Павловиќ-Латас во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

За новинарот, „единственото добро што направи Заев во овој 5-годишен мандат е неговата оставка, а најлошиот впечаток е злоупотребата на правниот систем и СЈО.

-Ќе го паметам како премиер и шеф на партија, кој си оди од власта како најомразена личност, кој Македонија го памети. Заминувале многумина и подобри и полоши, но никој не бил омразен како него, смета Латас.

Слични содржини