Латас со реакција на барањето на Ристоска – не ѝ се извини, но ги спомна Палевски и Апасиев

од Nikola Popovski
438 прегледи

Новинарот и уредник, Драган Павловиќ-Латас реагираше на денешната објава на обвинителката Ленче Ристоска која побара извинување од него поради искажани клевети во дебатна емисија. Латас не ѝ се извини на Ристоска туку само продолжи да објавува новости поврзани со поранешната членка на СЈО. Во својата објава на социјалните мрежи, уредникот го спомна и имињата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев и првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски-Палчо.

„Ленче Ристоска, обвинтелката на СЈО, најавува дека ќе ме тужи за клевета по мојата изјава дека незаконски, како и другите обвинители од СЈО, земала 100.000 евра потпишани од Катица Јанева. Како и дека нема стаж од десет години ви правосудството. Тоа лошо и влијаело на кандидатурата за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. ОК, ете прилика да се реафирмира целото работење на СЈО преку нејзиниот случај и нејзината тужба. Ленче Ристовска, со Фатиме Фетаи и Катица Јанева кариера и пари направија со клеветење неосудени луѓе. Парите кои незаконски ги земале се утврдени со ревизија, со заклучок на Антикорупциска и за тоа има кривична пријава од Вишото обвинителство оценета како основана и се држи во фиока од нејзините колеги од СЈО кои сега го водат скопското обвинителство. Да се реафирмира соработката на СЈО во кое таа беше во врвот, дел од ‘трите грации’ со Љупчо Палевски Палчо кој ги имаше нивните телефонски разговори и уценуваше луѓе. Има моја кривична пријава за тоа во СЈО која ‘трите грации’ не ја процесуираа“, порача Латас во објавата.

Во својата реакција,  уредникот побара да се реафирмира информацијата за тоа дали и како Ристоска била дел од ВМРО-ДПМНЕ заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев и „зошто и по која цена потоа и двајцата се ставија во служба на прогон токму на ВМРО“.

„Да се реафирмира нејзиниот статус и позиција кај сегашниот државен јавен обвинител Коцевски. Да се преобјават сите интересни детали од пресови и изјави на ‘трите грации’ и Ленче Ристовска од СЈО со клевети и подметнувања спротивно на презумцијата на невиност. Да се реафирмираат изјавите дека платите на обвинителите во СЈО биле дупло и кусур поголеми од другите обвинители бидејќи тие биле неспособни, неписмени и корумпирани… Кога тираните од УДБА решиле да ги тужат прогонетите на Голи оток, прогонетите едвај чекаат на јавна сцена конечно да се соочат. И дочекаа“, стои во објавата на Латас.

Обвинителката денеска соопшти дека во изминатиот период е напади поради нејзината апликациија за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, мета била на неосновани напади и клеветнички изјави.

Слични содржини