Лацио бара замена за Милинковиќ-Савиќ

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот клуб Лацио наводно го проучува пазарот со цел да утврди можни замени за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, јавуваат денеска италијанските медиуми.

„Кориере Дело Спорт“ објави дека Лацио започнал да бара евентуална замена на пазарот затоа што Милинковиќ-Савиќ е блску до заминување, иако постои шанса тој да остане во тимот што има за цел титула од италијанскиот шампион оваа сезона.

Весникот тврди дека Лацио е подготвен да започне со преговори во врска со пристигнувањето на тројца играчи.

Се споменуваат Флорентин Луис од Бенфика, Жоао Палиња од Брага и Леандер Дендонкер од Вулверхемптон.

Слични содржини