Лаутаро: Бев близу до Барса, а Меси го знаеше тоа

од Stefanija Kuzmanovska

Лаутаро Мартинес и Барселона – приказната започна пред скоро две години, и продолжува и оваа.

Прашање е дали каталонскиот клуб може да си го дозволи напаѓачот на Интер во овој момент, а минатото лето навистина се чинеше дека трансферот е прашање на време.

„Бев блиску, многу блиску до Барса. Разговарав за тоа со Лео Меси”, изјави Лаутаро за аргентинските медиуми.

Што се случи тогаш?

„Работата не беше можна поради финансиските проблеми на Барса. Тогаш донесов одлука да останам во Интер. Не згрешив, станавме шампиони на Италија“, истакна Мартинез.

Интер за време на викендот и математички на четири кола пред крајот на Серија А го обезбеди Скудетото, што го чекаа од 2010 година.

Слични содржини