354
Неславно продолжение имаше градското дерби меѓу Интер и Милан, одиграно претходниот викендов.
Милан го доби дербито со 2:1, а по натпреварот играчите на Интер Лаутаро Мартинез и Алесандро Бастони се судрија со играчот на Милан Тео Ернандез, кој на крајот од натпреварот доби црвен картон.
Конфликтот траеше кратко, членовите на стручниот штаб успеаја да ги раздвојат играчите, но потоа Мартинез го плукна Ернандез, додека играчот на Милан беше во тунелот кој води кон соблекувалните.
Ma la Rissa Theo-Lautaro perché? pic.twitter.com/bBpp3pea5i
— boston (@lciae8) February 6, 2022