758
Новокрунисаниот шампион на Италија, Интер конечно успеа да се договори со првата ѕвезда на тимот, Лаутаро Мартинез околу нов договор.
Иако двете страни постојано изразуваа желба за продолжување на соработката, преговорите беа многу тешки. На крајот Аргентинецот ја прифати конечната понуда од „нероазурите“.
Стрелецот ќе потпише договор до 2029. Според него годишно ќе заработува девет милиони евра. Со бонуси, кои би можеле да одат и до два милиони, додека се смета дека милион и пол евра се лесно достижни.
Мартинез е во Интер од 2018 година и за тоа време постигна 129 гола на 289 натпревари во сите натпреварувања.