Лавата прекрива се на Хаваите, за еден час покри „шест фудбалски терени“

од desk2
119 прегледи

 

Нови ерупции на вулканот Килауа. Наложени се дополнителни евакуации во две крајбрежни населби на Големиот остров.

Лавата во текот на ноќта се ширеше премногу брзо, па за еден час покри површина колку шест фудбалски терени, соопштено е од Американскиот геолошки институт.

Како што се наведува, лавата поминала преку пат, а потоа се движела покрај коловозот кој води до трговски центар во местото Пахоа и кон помали градови и рурални области на исток.

Во средата забележани се и неколку помали земјотреси, како и ерупција на вулканот, кога беа исфрлени облаци од пепел и камења на илјадници метри во висина.