Лавица лута во близина на Берлин, полицијата упати апел граѓаните да останат дома (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
527 прегледи

На жителите на населба во близина на германскиот главен град им било кажано да останат дома додека властите трагаат по лавица за која се верува дека е на слобода.

„Опасното животно наводно е забележано во четвртокот во областа Потсдам во предградието на германската престолнина“, соопшти полицијата.

Официјалните лица користат хеликоптер за да го следат животното, за кое се верува дека е лавица, и ги повикаа жителите да останат дома, објави јавната телевизија РББ.

Од граѓаните беше побарано да не се шетаат во шума и да бараат засолниште во куќи или автомобили доколку го видат животното.

Полицијата соопшти дека добила информации за животното од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.

Потрагата по лавицата е фокусирана на општината Клајнмахнов во јужната периферија на Берлин. Општината има околу 20.000 жители, пренесува „Дојче веле“.

Слични содржини