Романец бил очевидец и алармира, дека се качил на дрво и се спасил
Лавина паднала во Пирин во реонот на месноста Ечмиште, надвор од регионот на ски патеките. Информациите до сега не е официјално потврдена. Романец бил очевидец и алармирал за настанот. Странецот објаснил дека се качил на дрво и се спасил.Тој, сепак објаснил дека видел двајца скијачи, кои потоа ги изгубил од вид, соопштува “24 часа”.Планинските спасители од Банско се подигнати на нога, тргнале да ги бараат исчезнатите, со нив се и спасувачки кучиња. Објектите во горниот дел на ски зоната се запрени од движење, поради густа магла. Од безбедносни причини се стопоирни и скилифтовите, бидејќи има скијачите, кои не ги познаваат добро патеките и може да се изгубат во маглата, објасни маркетинг-директорот на ски зоната Иван Обрејков.