Лавров: Анонимни претставници на Пентагон се закануваат со атентат врз Путин

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Изјавите на анонимни претставници на Пентагон за напад кој ќе го „обезглави Кремљ“ всушност се закани за атентат врз претседателот на Русија, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за ТАСС.

„Вашингтон води во ова, бидејќи некои анонимни функционери од Пентагон всушност се закануваат дека ќе извршат обезглавувачки удар врз Кремљ, што всушност е закана за атентат врз рускиот претседател“, рече Лавров.

Тој исто така предупреди дека „ако некој навистина размислува за такви идеи“, мора да биде свесен за „можните последици од таквите планови“.

Лавров: Или Украина ќе ги исполни предлозите на Москва или руската армија ќе одлучи 

Предлозите на Москва за демилитаризација и денацификација на Украина му се добро познати на Киев и на украинските власти им останува да ги исполнат, во спротивно руската армија ќе одлучува за тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Тој рече дека руските предлози за демилитаризација и денацификација на териториите под контрола на Киев, како и за елиминација на заканите за безбедноста на Русија ѝ се добро познати на Украина, пренесоа руските државни агенции.

„Поентата е едноставна: Исполнете ги за ваше добро. Во спротивно, за прашањето ќе одлучува руската армија“, рече Лавров, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини