Лавров: Авионите Ф-16 во Украина се нуклеарна закана за Москва

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Воените авиони Ф-16 испорачани на Украина, Москва ќе ги смета за „нуклеарна“ закана, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено во четвртокот.

Самиот факт дека украинските вооружени сили имаат такви системи ќе го сметаме за закана на Западот во нуклеарна смисла“, рече Лавров во интервју за онлајн весникот „Лента.ру“, објави руското министерство за надворешни работи.

„Русија не може да ја игнорира способноста на тие авиони да носат нуклеарни боеви глави“, рече тој, уверувајќи дека Москва ги предупредила САД, Обединетото Кралство и Франција за тоа.

 

„САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици“, предупреди тој.

Во мај, САД одобрија испорака на авиони Ф-16 на Киев. Датумот на испорака и нивниот број се уште не се утврдени.

Украина во вторникот соопшти дека ќе биде формирана „коалиција“ од 11 земји кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите.

Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбена“ употреба на атомско оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје „што го загрозува самиот опстанок на државата“.

Слични содржини