Лавров бара од Западот да ја слушне позицијата на Русија за Украина

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска му порача на Западот да ја слушне позицијата на Русија за решавање на конфликтот во Украина.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Украина, тој рече дека мировните планови, кои не предвидуваат решение за украинскиот конфликт, немаат никаква врска со мирот и претставуваат „пат кон никаде“.

„Сите други мировни планови, платформи или формули кои режимот во Киев и неговите спонзори сè уште ги негуваат без никаква корист, немаат никаква врска со мирот и служат само како покритие за продолжување на војната и продолжување на испумпувањето пари од западните даночни обврзници. “, истакна Лавров.

Слични содржини