Лавров: ЕУ не сака и не може да ги натера своите штитеници во Приштина да го исполнат ЗСО

од Stefanija Kuzmanovska

Русија е длабоко загрижена поради континуираното влошување на ситуацијата на Косово и во овој момент Европската унија „не сака и не може“ да ги принуди своите косовски штитеници да ги исполнат договорите на Белград и Приштина од 2013 година за формирање на Заедницата на српските општини на Косово, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Постојаното влошување на ситуацијата во таа српска покраина предизвикува длабока загриженост“, рече Лавров во авторскиот текст насловен „Почитување на принципите на Повелбата на ОН како клуч за меѓународниот мир и стабилност“, објавен на веб-страницата на руското министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.

Тој оцени дека во тој регион се повторува „тажната историја на Минските договори околу Украина“.

Слични содржини