Лавров го откри клучниот услов за преговори со Украина

од Nikola Popovski
431 прегледи

Русија е подготвена да води преговори за Украина врз основа на принципите кои беа договорени во Истанбул во 2022 година, а клучен принцип е вонблоковскиот статус на Украина – НАТО не смее да биде на прагот на Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон.

„Претседателот Владимир Путин зборуваше за условите на 14 јуни. Тој потврди дека сме подготвени да преговараме врз основа на принципите договорени во Истанбул, кои, како што рече шефот на украинската делегација, Дејвид Арахамиј, ги отфрли поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон. Клучниот принцип е вонблоковскиот статус на Украина. Бевме подготвени да се приклучиме на групата земји кои на Украина ќе ѝ дадат колективни безбедносни гаранции. Но, без влез во НАТО. Без никакви воени бази, воени вежби на украинска територија со учество на странски војници… Нашиот став е легитимен – никаков НАТО не може да биде на нашиот праг“, рекол Лавров..

Тој потсетил на зборовите на рускиот лидер кој порачал дека сега ќе треба да се земе предвид вистинската ситуација на теренот – не само на контактната линија, туку и фактот дека ДНР, ЛНР, Запорожје и Керсонската област сега се дел од Русија според Уставот на земјата.

Лавров додал и дека Западна Европа сака да се доближи до руските граници преку Украина.

„Тие имаа планови, а за тоа се разговараше речиси отворено, да се распоредат британски воени бази во Азовското Море. Фрлија око на Крим и фантазираа за воспоставување база на НАТО“, потсетил Лавров.

На прашањето дали укинувањето на западните санкции против Русија може да биде услов за иден мировен договор, Лавров посочил дека многумина во Русија би сакале тоа да биде услов.

„Но, мислам дека колку повеќе живееме под тие санкции, толку повеќе сфаќаме дека е подобро да се потпреме на себе и да создадеме механизми, платформи за соработка со „нормални“ земји, пријателски земји кои не се мешаат во економските интереси и односи, оосебно политиката“, изјавил шефот на руската дипломатија.

Како што додал, Русија научила многу од воведувањето на санкциите.

„За време на администрацијата на Џозеф Бајден тие достигнаа невидени размери. Но, знаете, „сè што не нè убива, нè прави посилни“. Никогаш нема да не убијат. И тоа не прави посилни“, кажал Лавров.

Слични содржини