Лавров ја обвини Америка: „Со години ја игнориравте добрата волја на Путин“

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Соединетите Американски Држави со години ја игнорираат огромната добра волја на рускиот претседател Владимир Путин, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за американската телевизија CBS News.

Министерот потсети дека Москва и Вашингтон долго време биле во пријателски односи, но дека за време на 43-от претседател на САД, Џорџ Буш, меѓусебната доверба почнала да се влошува.

„Огромната добра волја што Путин ја покажа во првите два мандата беше игнорирана. Тој (Буш) едноставно рече: ‘Добро, овој човек е добар, ќе го држиме во рака’“, рече Лавров.

Како што додаде, американските политичари не научиле ниту една лекција од „неприфатливата политика“ што Вашингтон ја водел по распадот на СССР. Лавров потсети на ветувањето дека НАТО нема да се прошири, што западните земји му го дадоа на првиот претседател на СССР, Михаил Горбачов.

Тој исто така нагласи дека Москва повеќепати предупредувала за можните последици од проширувањето на воениот блок.

„Ќе бидеме подготвени да ги сослушаме сите кои навистина се заинтересирани за правдата, вклучително и правдата во односите меѓу Русија и Украина, што ќе вклучува и Западот да престане со политиката на користење на Украина како инструмент за војна против Русија“, подвлече Лавров.

Шефот на руската дипломатија моментално се наоѓа во Њујорк, каде што учествува на седниците на Советот за безбедност на ОН за Украина и Блискиот Исток, пренесува „Спутник“.

Слични содржини