226
Русија ќе одговори со конкретни акции на нападот со дронови врз Кремљ, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Во Панаџи, Индија, каде што учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка, Лавров посочи дека е јасно дека се работи за непријателски чин и оти, како што наведе, „без знаење на шефот, терористите од Киев не би можеле да го сторат тоа“, пренесува РИА Новости.
На прашањето дали ова може да се смета за „casus belli“, односно причина за војна, Лавров рече дека Русија ќе одговори со конкретни акции.