Лавров: Конфликтот во Украина веројатно нема да заврши по дипломатски пат

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Западот нема да понуди реално дипломатско решение за конфликтот во Украина, бидејќи САД и нивните сојузници се уште имаат намера да нанесат стратешки пораз на Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Обраќајќи им се на пратениците на Државната дума во врска со работата на министерството за надворешни работи на Русија и актуелната ситуација во светот, Лавров рече дека „Москва е на стража во борбата за подобра иднина“ и дека системот во кој доминира Западот му го отстапува местото на мултиполарниот свет.

Според него, САД и нивните сојузници остануваат посветени на водење војна против секој кој има приоритет на националните интереси, што се покажа со продолжувањето на војната во Украина.

„Сепак, западната реторика се промени поради успехот на Русија на бојното поле, а официјалните лица сега повеќе се фокусираат на спречување на руска победа отколку на нанесување пораз на Москва. Како и да е, нивната основна политика на штета на Русија останува иста, што значи дека конфликтот тешко дека ќе се реши по дипломатски пат“, нагласи Лавров.

Тој посочи дека оние кои ѝ објавија војна на Русија не нудат сериозни предлози и не сакаат да ги почитуваат руските интереси и реалноста на теренот и дека затоа мирот преку преговори не е можен, пренесе РТ.

Лавров истакна дека Западот го поттикнал конфликтот со постојаното стремење кон „глобална доминација и посебност“, додека Русија, од друга страна, работи со своите сојузници за да го разбие сегашниот систем, кој го смета за колонијалистички.

Слични содржини