Лавров – Манкаканјан: Итно сопирање на огнот во Нагорно Карабах

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше за ситуацијата во Нагорно Карабах во телефонски разговор со неговиот ерменски колега Зограб Манкаканјан, нагласувајќи ја потребата за што побрзо прекинување на огнот.

„Фокусот беше насочен кон изнаоѓање излез од сегашната состојба во регионот Нагорно Карабах“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Руската страна изрази загриженост за зголемениот број цивилни жртви.

„Беше укажано на неопходноста од прекин на огнот во најбрз можен рок и беше потврдена подготвеноста да им се помогне на страните да го вратат процесот на решавање на ова прашање во политичко-дипломатската патека под покровителство на групата Минск на ОБСЕ, во согласност со заедничката изјава на претседателите на Русија, САД и Франција“, се вели во соопштението.

Слични содржини