Лавров: НАТО се бори на страната на Киев, Западот не сака да заврши конфликтот

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска во Москва изјави дека НАТО всушност се бори на страната на режимот во Киев и е длабоко вклучен во конфликтот.

„Уште еднаш го свртевме вниманието на субверзивната политика на земјите од НАТО, кои долго време се вклучени во конфликтот и се подлабоко во вклучуваат во истиот“, истакна Лваров на денешната прес-конференција.

Како што пренесува „Спутник“, според неговите зборови, Западот не сака да заврши конфликтот во Украина.

„Последната ваква тирада ја даде нашиот колега (државниот секретар на САД, Ентони) Блинкен, вчера или завчера, изјавувајќи дека сега примирјето ќе биде во интерес на Русија, а тоа не смее да се дозволи. Тешко е да се каже на што се заснова оваа плитка анализа. Единствената претпоставка е дека Западот не сака да ја прекине оваа војна, тој ги гледа своите геополитички интереси во оваа војна, пред се од гледна точка на обидите да елиминира уште еден конкурент на светската сцена како што е Русија“, објасни Лавров.

Слични содржини