Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција во Скопје изјави дека сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија.
Лавров на маргините на 30. Министерскиот состанок во Скопје, која се одржува паралелно со третата сесија на состанокот, на прашање во врска со тоа како Русија гледа врз идентитетската агресија врз земјава од бугарските испостави и дали тие имаат руска позадина, одговори дека не е голем експерт во македонско-бугарските односи и посочи дека според него, проблемите за регионот влечат корени од Западот, односно по распадот на Југославија.
-Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседал на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.