399
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека војната во Украина може да заврши „кога Америка ќе ги напушти своите сојузници, исто како што тоа го направи во Авганистан“.
Како што јави руската режимска новинска агенција ТАСС, Лавров ова го изјавил во интервју за ТВ каналот Царград.
Шефот на руската дипломатија истакнал дека САД „ги напуштија авганистанските лидери на кои се потпираа за време на 20-годишната окупација на таа земја“.
„Се надевам дека современите политичари обрнуваат внимание на историјата. Политиколозите пишуваат многу за тоа. Тие предвидуваат дека ова ќе трае се додека им е потребно на Американците. Тие луѓе (владата во Киев, оп.а.) ќе бидат на власт се додека ѝ требаат на Америка“, рече Лавров.