Лавров: Оваа земја е предодредена да биде следната жртва

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

Шефот на руската дипломатија упати заканувачка порака до Молдавија. Сергеј Лавров во четвртокот рече дека оваа поранешна советска република се става во опасност со тоа што сака да се приклучи на Европската унија. Пораката дојде од министерската конференција на најголемата регионална безбедносна организација – ОБСЕ.

Во јуни минатата година, ЕУ ѝ понуди поддршка на Молдавија и ѝ додели кандидатски статус, а сè беше потврдено оваа пролет, кога членките на ЕУ во март ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Молдавија, и безбедносно и економски, на нејзиниот европски пат.

„Меморандумот на Козак, кој можеше сигурно да ја реши ситуацијата во Молдавија пред 20 години, е еден од спречените обиди за решавање на акутните проблеми на нашиот континент врз основа на принципите на ОБСЕ“, рече Лавров.

 

„Во тоа време НАТО и ЕУ го торпедираа документот. Всушност, Молдавија беше предодредена да биде следната жртва во хибридната војна против Русија што ја започна Западот.

Да потсетиме, Русија речиси две години води војна против соседна Украина, а за целото време на инвазијата руското раководство испраќа заканувачки пораки и до други земји. Заканувачката вербална кампања е насочена и против НАТО, ЕУ и САД, а високите руски функционери не се воздржуваат од заканите со нуклеарно оружје.

Слични содржини