Лавров: Постои можност Студената војна во светот да влезе во жешка фаза

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека постои можност Студената војна во светот да влезе во жешка фаза.

Според неговите зборови, САД и нивните сојузници ги прекршиле сите договори склучени во осумдесеттите години на минатиот век во областа на контролата на оружјето.

„Прашањето е – зошто? Одговорот ни е очигледен – поради желбата да се врати НАТО на политичко прво место. По авганистанскиот срам, потребен беше нов непријател. Резултатот е реинкарнација на Студената војна, само сега со многу поголем ризик тоа да се претвори во жешка фаза“, рече Лавров на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ, пренесува „Известија“.

Слични содржини