Постои реална опасност за почеток на Трета светска војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Опасноста е сериозна, реална, не може да се потцени“, рече Лавров вчера во емисијата „Голема игра“ на Канал 1.
Споредувајќи ја сегашната ситуација со периодот од кубанската криза, тој истакна дека „во тоа време имало малку пишани правила“, но дека правилата на однесување биле сосема јасни – „во Москва беше јасно како се однесува Вашингтон, а во Вашингтон – како се однесува Москва“.