Лавров: Потезите на САД ќе имаат страшни последици

од desk2
122 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во телефонски разговор го предупреди американскиот државен секретар Мајк Помпео дека доколку САД продолжат со агресивни потези против Венецуела тоа ќе има страшни последици.

– Се забележува дека постојаните агресивни чекори ќе имаат најдраматични последици, се наведува во соопштението на руското МНР.

Лавров, исто така, го осуди „мешањето“ на САД во внатрешните работи на Венецуела како кршење на меѓународното право, додавајќи дека е потребен дијалог на сите политички сили во таа земја.