Лавров: Позицијата на Лондон во однос на Украина е многу поагресивна од онаа на Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Позицијата на Лондон во однос на украинскиот конфликт е многу поагресивна од онаа на Вашингтон, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Улогата што ја игра Велика Британија во актуелните настани е далеку поагресивна, пософистицирана во својата провокативна упорност од кој било друг учесник, вклучително и САД“, нагласи Лавров на конференцијата „Евромајдан: Изгубената деценија на Украина“.

Според него, западните инструктори им помагаат на украинските сили во насочувањето на нападите врз руски цели, Западот учествува во војната против Русија.

„Во војна најважна е стратегијата, а стратегиите не се подготвуваат во Киев, туку далеку од таму“, рече министерот.

Слични содржини