Лавров: Пропадна стратегијата на Западот да ѝ се „нанесе стратешки пораз на Русија“

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Русија е одлучна да ги постигне своите цели во воените операции во Украина, изјави нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека „стратегијата на Западот да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија целосно пропадна“.

Во интервјуто објавено од официјалната новинска агенција Тасс, а пренесено од „Гардијан“, Лавров рече:

„Бурите продолжуваат во светот, а една од причините е што владејачките кругови на Запад предизвикуваат кризи на илјадници километри од нивните граници за да ги решат своите проблеми на сметка на другите народи. Може да се каже дека во услови во кои Западот се држи до доминацијата која му бега, никој не може да биде заштитен од нивните геополитички интриги. Остатокот од светот се повеќе и повеќе го сфаќа тоа“.

Тој додаде дека земјите-членки на Г7 имаат намера да разговараат за „формулата за мир“ предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за која се договориле на „тајниот самит“ одржан пред десет дена.

Британскиот весник ги објави проценките на украинскиот Генералштаб, според кои Русија загубила 356.670 луѓе од почетокот на војната до денес.

Слични содржини