Русија сака да заврши конфликтот во Украина, но ќе одговори на испраќањето на западно оружје до Киев, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, руските сили ќе одговорат на испраќање на западно оружје со долг дострел на Украина со тоа што ги туркаат украинските сили подалеку од нивните граници.
На овој начин Русија планира да создаде, според Лавров, „безбедна тампон зона“.
Во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека „сите би сакале да заврши конфликтот во Украина, но поддршката на Западот за Киев игра важна улога во тоа како Русија ќе се позиционира“.
Да потсетиме, на 24 февруари минатата година, Русија започна инвазија на Украина, а Западот одговори на почетокот на војната со испраќање оружје и пари во Украина за да може да се одбрани.