210
Русија активно работи на справување со глобалната криза со храна и е подготвена сериозно да го зголеми обемот на снабдување со храна за ранливите земји, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 46-та седница на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ), пренесе веб-страницата на руското МНР.
„Ќе ја повторам подготвеноста на Русија сериозно да го зголеми обемот на испорака на храна и ѓубрива по профитабилни и повластени услови, а за земјите со најголеми потреби, бесплатно“, рече Лавров, пренесе ТАСС.
Тој потврди дека Русија активно дејствува во услови на глобална криза со храна, особено во најсиромашните земји на југот.