Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Руската Федерација и Грција се заинтересирани за развивање на воена соработка меѓу себе, пренесоа агенциите.

Министерот по средбата со грчкиот колега прецизира дека односите меѓу двете земји во оваа област постојат одамна, а сега се подготвуваат и нови договори.
Покрај ова Лавров соопшти и дека Грција е заинтересирана за плановите на Русија за изградба на гасовод преку Турција и овој проект имал добри изгледи.
“Ние разговаравме соработката во енергетската област, имајќи предвид интересот на Атина за изградбата на гасоводот од Русија кон Турција и оттаму кон грчката граница”, истакна Лавров.
“Ние сметаме дека овој проект има добри изгледи”, дополнил дипломат број еден на Русија.