Лавров: Русија нема да капитулира, не слушам што зборува Зеленски

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да капитулира и дека сите цели на специјалната воена операција ќе бидат остварени.

Тој посочи дека сегашната позиција на западните земји за Украина е дека ја игнорираат руската позиција и очекуваат Русија да капитулира, но тоа нема да се случи.

– Путин постојано изјавува дека Зеленски со својот указ, потпишан пред две години, си забранил себеси и на сите функционери да водат преговори со Русија. Ништо не се случува, сите вртат уво на се и продолжуваат да не повикуваат да покажеме конструктивен пристап. Всушност, се чини дека тоа значи капитулација во нивното разбирање. Тоа нема да се случи, ќе се постигнат сите цели на специјалната воена операција, во тоа нема сомнеж – рече Лавров.

Тој посочи дека не слуша што зборуваат Владимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба, бидејќи тие постојано зборувале дека се подготвени за преговори, а потоа наеднаш го смениле мислењето.

– Кулеба не зборува за тоа за прв пат. А понекогаш кажува сосема спротивни работи. Неодамна зборуваа за преговори. Зеленски ја спомена неговата подготвеност на крајот да седне на преговарачка маса со руските претставници. Да бидам искрен, не ги слушам – изјави шефот на руската дипломатија.

Истакна и дека сега се изнесуваат голем број идеи за решавање на конфликтот во Украина, бидејќи Западот почнува да сфаќа дека е невозможно да се победи Москва.

– Мислам дека не треба да коментирам за бројни идеи кои сега се изнесуваат во услови кога Западот сфаќа дека е бесмислено да смета на поразот на Русија и кога Западот сè повеќе сфаќа дека Зеленски и неговиот режим се безвредни – рече Лавров.

Министерот додаде дека позицијата на Кина за Украина останува непроменета по посетата на Кулеба, а за разговорот со претставникот на Киев го информирал неговиот кинески колега Ванг Ји.

Слични содржини