235
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека одлуката на Бугарија да протера 70 руски дипломати е резултат на притисокот на Вашингтон врз Софија.
Тој оцени дека желбата на „американскиот суверен е да го убие историското паметење не само на Бугарите, туку и на останатите народи на Балканот, пред се на православните“.
Шефот на руската дипломатија објасни дека „желбите на суверенот“ вклучуваат убивање на историската меморија на Бугарите, уништување на темелите на односите воспоставени во заедничката борба за независност и многу други ситуации, вклучително и оние од поновата историја.