Лавров: Самитот на Г-20 во Њу Делхи е успех за сите земји членки

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Самитот на Групата 20 во Њу Делхи претставува успех за сите земји членки, во време кога организацијата е подложена на внатрешни реформи, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Самитот е, се разбира, безусловен успех, пред се за индиското претседателство, но и за сите нас. Г-20 доживува, би рекол, еден вид внатрешна реформа. Тоа, пред сè, се покажа со значителното интензивирање на членките на Г-20 од глобалниот југ, кои под водство на Индија многу јасно и упорно настојуваа да ги вклучуваат нивните интереси во договорите за кои разговара Г20 и како резултат на тоа тие се дел од декларацијата“, рече рускиот министер на прес-конференција по самитот на Г20, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Самитот на Г20 во Индија ќе даде позитивен поттик на напорите за реформирање на Меѓународниот монетарен фонд и Светската трговска организација.

Слични содржини