Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека ако се следи логиката на директорот на ЦИА, Мајк Помпео, кој ја обвини Москва не само за мешање во минатогодишните претседателски избори во САД, туку и во претходните, тогаш и Барак Обама станал претседател благодарение на Русија.
Говорејќи на безбедносниот форум во Колорадо, Помпео рече дека Русија дека се мешала „и во последните избори, но и во тие пред нив и во тие пред тие“.
– Доколку изјавата на Помпео значи дека сме се мешале во изборите во 2008 и во 2012 година, тоа значи дека претседателот Обама ни ја должи својата победа. Нема да го коментирам тоа, но по мое мислење, тоа ги надминува сите граници на разумот – рече Лавров на прес-конференција по состанокот со министерот за надворешни работи на Сиера Леоне, Самур Камар./Мета