171
Одредбите од Повелбата на Обединетите нации и самите ОН претставуваат закана за глобалните амбиции на Соединетите Американски Држави, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Поранешниот американски државен секретар Џејмс Бејкер му рече на тогашниот претседател Џорџ Буш дека ОБСЕ е главната закана за НАТО. Би додал дека денес ОН и одредбите од нивната повелба, исто така, претставуваат закана за глобалните амбиции на Вашингтон“, рече тој, говорејќи на седницата на Советот за безбедност на ОН со која претседаваше, пренесува ТАСС.
Лавров рече дека светот денес е во поопасна ситуација отколку дури и за време на Студената војна.