207
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Украинците заслужуваат пријателски односи со своите словенски браќа и дека ќе бидат ослободени, како што рече, од „неонацистичката власт“.
– Украинскиот народ ќе биде ослободен од неонацистичкото владеење. Тој заслужува да живее во просперитет и добрососедски и пријателски односи со своите словенски браќа – рече Лавров во документарниот филм што денеска беше прикажан на ТВ каналот „Русија-24“.
Рускиот претседател Владимир Путин ја нападна Украина на 24 февруари како одговор на барањето за помош од лидерот на Донбас.
После тоа, Западот воведе санкции кон Русија и ја зголеми испораката на оружје за Киев во вредност од неколку милијарди евра.