Лавров за идејата за американски воени бродови во Црното Море: „Нема да успеат“

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Пентагон нема да може да ги принуди турските власти да ги променат правилата за влез на воени бродови во Црното Море, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Нашите турски колеги во повеќе наврати ни кажаа дека, како чувари на наследството на Конвенцијата од Монтре, строго ќе се раководат од нејзините одредби“, рече Лавров на прес-конференција.

Министерот појасни дека Пентагон најверојатно ќе се обиде да преговара со Турција за прашањето за влез на воени бродови од нецрноморски земји во Црното Море во воени услови.

„Мислам дека нема да успеат“, нагласи Лавров.

Претходно американскиот помошник-секретар за одбрана Селест Валандер изјави дека Вашингтон ќе соработува со Анкара за прашањето за пловидбата во Црното Море. На последниот форум во Давос беше предложено да се создаде поморска оперативна група која ќе ги надгледува трговските бродови во Црното Море.

Слични содржини