Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров упати критики за, според него, двојните стандарди на Западот кон државниот удар во Украина и неуспешниот обид за преврат во Турција.

– Никој од нашите западни партнери не помисли да го каже тоа за Украина, кое сега се зборува во врска со обидот за пуч во Турција, а тоа е дека е неприфатлив, констатира Лавров.
Според него, кон Турција немало никакви обврски, како оние, кои биле преземени од Франција, Германија и Полска на 20 февруари 2014 година, за поддржување на договорот меѓу тогашниот украински претседател Виктор Јануковиќ и опозицијата.
– Веќе следното утро сите тие договори во Украина пропаднаа, а овие три земји си ги измија рацете, велејќи дека тоа едноставно така се случило, потсети шефот на руската дипломатија.