Лазански ќе биде погребан во Алејата на заслужните граѓани

од Nikola Popovski

Амбасадорот на Србија во Руската Федерација, Мирослав Лазански, ќе биде погребан во петок, 6 август, во 13 часот, на Новите гробишта во Белград, во Алејата на заслужните граѓани, соопштило српското министерство за надворешни работи.

Комеморацијата ќе се одржи во петок, 6 август, во 10:30 часот, во Министерството за надворешни работи.

Мирослав Лазански почина ненадејно на 71 -годишна возраст од срцев удар.

Лазански и е познат на јавноста како поранешен српски новинар и воен аналитичар. Пишуваше за политички и воени прашања, но исто така беше дописник и коментатор за белградскиот весник Политика.

Тој известуваше за војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот Ирак-Иран, за време на операцијата Пустинска бура, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово и Метохија, Либија, итн.

Слични содржини