Со Никола Груевски на чело Македонија нема како да стане членка на Европската унија. Затоа првото што ние сакаме е владата да поднесе оставка, по што треба да биде воведена техничка влада што за 6 месеци или можеби 1 година, да се подготват предвремени избори.
Тоа го изјави поранешниот македонски заменик министер за здравство Владимир Лазаревик за БНР. Тој е член на познатата Амстердамска група, која се изјасни против увладењето на Никола Груевски во Македонија. Заедно со поранешниот амбасадор на Македонија во САД и Холандија Никола Димитров сакаат внатрешно ренконпонирање на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ
Лазаревик изјави дека Груевски ја ставил Македонија целосно во изолација – него нема кој да го прими во Брисел. “Додека Никола Груевски сака да ја чува Македонија од некого, ние денес сакаме да ја чуваме Македонија од Груевски”, истакна Лазаревик. Тој смета дека Груевски води не само антибугарска политика, а и антимакедонска, која сама по себе е опасна за Македонија. “За мене лично Бугарија е дел од ЕУ и треба да биде прв сојузник на Македонија за побрзо нејзиниот прием во Европа.”
За скандалот со прислушувањето Лазаревик посочи дека ова зборува дека “живееме во диктатура, во мрак. Прислушување луѓе кои можат да изразат некаква критична мисла, 20 000 луѓе се прислушувани во период од 4 години. Во Македонија лагата се продава за вистина. Луѓето преку македонската телевизија и преку медиумите не можат да се информираат “. Во исто време Лазаревик изјави дека не верува поради прислушување да се дојде до етнички судири меѓу македонското и албанското население. “Зборував овие денови и со албански политичари, кои знаат што се случува. Ние со нив, сметаме дека сите заедно – и Македонци и Албанци ќе се обединиме против владата на Никола Груевски и сите заедно ќе направиме Македонија да влезе во ЕУ “.
Јас сум дел од т. н. Амстердам тројка, кои сакаме да го отстраниме Груевски. Ние сакаме реформи во рамките на ВМРО-ДПНМЕ. Ние правиме голема коалиција и сакаме да се побара одговорност од Груевски, истакна Лазаревик